Украинската тенисерка Елина Свитолина се заблагодари на Вимблдон за поддршката што им ја дава на натпреварувачите од нејзината земја.
Минатата година организаторите на најпознатиот турнир на планетата не дозволија учество на тенисерите од Русија и Белорусија. Овој пат можат да се натпреваруваат под неутрално знаме, но на Свитолина не и пречи премногу.
„Многу мои пријатели се во Британија и имаме голема поддршка, поради сето она низ кое поминуваме поради руската агресија врз мојата земја. Организаторите навистина прават се за да ни го олеснат престојот овде“, изјави Свитолина.
Свитолина го пропушти минатогодишниот Вимблдон поради раѓањето на своето дете во октомври. Таа се врати во април оваа година и моментално е на 75. место во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

