Искусниот португалски стратег и досегашен тренер на Езгијан Алиоски во Фенербахче, Жорге Жесус, потпиша договор со Ал-Хилал.
68-годишниот португалски стручњак по вторпат ќе го води тимот од Ријад по сезоната 2018/19 кога го освоија Суперкупот на Саудиска Арабија.
Жесус неодамна го предводеше Фенербахче до Купот на Турција по пауза од 10 години, но недоразбирањето со раководството на клубот доведе до негова оставка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

