Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ треба да биде најзвучното засилување за премиерлигашот Челси во летниот преоден рок.
Според „Кориере дело Спорт“, лондонскиот клуб подготвил сума од 80 милиони евра за да го реши актуелното прашање на позиција напаѓач.
Многубројните заминувања го принудија Маурисио Покетино да се сврти кон некои атрактивни аквизиции, како што е потенцијалното доаѓање на фудбалерот од Србија.
Јувентус е подготвен да го ослободи Влаховиќ доколку добие адекватна понуда, за да го растерети буџетот поради финансиската криза, бидејќи српскиот репрезентативец заработува седум милиони евра, а понудата на Челси од 80 милиони евра веројатно би ги задоволила Италијанците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

