Фудбалскиот шампион на Македонија, Струга Трим Лум ќе го има историскиот дебитантски настап во квалификациите за Лигата на шампионите.
Таму за противник ќе го има литванскиот Жалгирис, но двата тима се уште не можат да се договорат околу тоа кој тим во кој термин ќе биде домаќин.
Ждрепката посака првиот натпревар да се игра во Литванија, на 11/12 јули, додека реваншот е во Македонија, на 18/19 јули. Меѓутоа, Литванците имаат проблем затоа што на датумот кога тие треба да играат дома, во Вилнус има самит на НАТО.
Клупската управа побара од Струга да се променат датумите и првиот меч да се игра во Македонија, а реваншот во Литванија, меѓутоа стружани одбија таков предлог. Откако беше одбиен предлогот од стружани, Литванците се обратија во УЕФА каде побараа да дојде до промена на натпреварите.
Причината за такво нешто е што за време на НАТО самитот ќе биде лимитирано движењето во Вилнус, исто така и транспортот, како и авионските линии кои ќе наложуваат да има „затворен простор“ во радиус од 30 километри од салата во која ќе се одржува настанот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА