Мбапе бара вистинско богатство од Реал Мадрид

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе во моментов не е во плановите на Реал Мадрид, но мадридскиот клуб следи што се случува со францускиот репрезентативец, пишува шпанска „Марка“.

Минатата година Реал сакаше да го ангажира Мбапе, но напаѓачот на ПСЖ тогаш реши да ја продолжи соработката со „светците“. Мбапе претходно најави дека не сака да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, кој истекува на 30. јуни следната година. „Марка“ наведува дека Мбапе и неговите менаџери се фокусирани само на пари, а не на спортски успех.

„Сопствениците на ПСЖ се лути што Мбапе не сака да го продолжи договорот со клубот. Фудбалерот наводно се обидува да го исцеди секое евро од актуелниот договор со францускиот шампион. Во случај договорот да биде раскинат во овој преоден рок, Мбапе ќе бара од Реал 240 милиони евра кои би ги добил преку плата и бонуси доколку остане во ПСЖ до јуни следната година“, пишува „Марка“. 

Шпанскиот весник тврди дека претседателот на Реал Флорентино Перез нема план Б, односно се уште не нашол напаѓач кој би можел да го замени Карим Бензема, а наводно планирал Мбапе да го води „кралскиот клуб“ следната сезона.

Се вчитува...