Ивановски елиминиран во квалификациите на челинџерот во Троја

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да се квалификува во главниот ждреб од челинџер турнирот во француска Троја.

Иако Ивановски беше фаворит во својот меч, откако беше поставен за четврти носите во квалификациите во Троја тој денеска доживеа пораз од италијанскиот тенисер Џузепе Треска со 2-0, по сетови 6-4 и 7-6.

Останува да видиме да својот ранкинг Ивановски ќе го искористи да се пријави на некој од фјучрс турнирите откако не успеа да се пласира во главниот ждреб на 60.000 американски долари вредниот турнир во Троја.

Се вчитува...