Велосипедистот на Кофидис, Виктор Лафаје е победник на втората етапа на јубилејното 110. издание на „Трката околу Франција“.
Тој триумфираше на етапата од Виторија Гастеиз до Сан Себастијан со должина од 209 километри. Лафаје ја освои својата прва етапна победа на познатата трка. На целта стигна за 4:46:39 часа.
Второто место го освои Вут ван Аерт од тимот на Џамбо Висма, додека третопласиран беше двојниот победник на Тур де Франс, Словенецот Тадеј Погачар.
Во генералниот поредок води победникот од првата етапа, Адам Јејтс од тимот на Емирати, втор е Ван Аерт со шест секунди заостанување, додека трет е Погачар со 12 секунди.
Следната трета етапа конечно не носи од Шпанија во Франција. Таа ќе се вози од Аморебие Екано до Бајон во должина од 193,5 километри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

