Ќерката на Ето живее сиромашно, а тој…

Еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, Семјуел Ето се најде во скандал поради односот кој го има со неговата ќерка Ерика.

Додека Камерунецот ужива во заработените пари, неговата ќерка преживува и едвај наоѓа пари за основните потреби.

Ето ја признал Ерика за своја ќерка во февруари 2022 година, а Судот му нареди месечно да и исплаќа по 1.400 евра.  Тој и должи пари на ќерката за пет години, а ќе има судска тужба во која Ерика ќе бара дури и затворска казна за својот татко.

„Ето на Ерика и должи пари за пет години, меѓутоа и понатаму ја избегнува одлуката на судот. Ерика живее сиромашно, додека Ето ужива во луксуз“, пишуваат медиумите во Камерун. 

Се вчитува...