Ко-сопственикот на Интер Мајами, кубанско-американскиот бизнисмен Хорхе Мас зборуваше за платата на Лео Меси, кој минатиот месец потпиша договор со МЛС клубот.
Одлуката на аргентинскиот репрезентативец да ја напушти Европа и да прифати понуда од САД изненади многумина, но далеку од тоа дека Меси нема добро да заработи на Флорида.
„Според договорот, Лео ќе заработува меѓу 46 и 55 милиони евра годишно. Поминавме многу време во преговори со играч од тоа ниво. Бев во редовен контакт со неговиот татко Хорхе, а Дејвид Бекам разговараше со Лео само за фудбалот, бидејќи и самиот беше професионален играч. Никој не сакаше да врши притисок врз Меси и разговаравме во Барселона, Мајами, Росарио и Доха“, изјави Мас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

