Англија преку Португалија до полуфинале на ЕП

Фудбалската репрезентација на Англија е третиот полуфиналист на Европското првенство до 21 година кое се одржува во Романија и Грузија.

Англичаните во четвртфиналниот дуел славеа над Португалија со минимални 1-0. Клучниот момент во натпреварот се случи во 34. минута кога победничкиот погодок за Англичаните го постигна фудбалерот на Њукасл, Антони Гордон.

Англија во полуфиналето го чека подобриот од последниот четвртфинален дуел во кој ќе се сретнат Франција и Украина.

England U21 [1] – 0 Portugal U21 – 34' Anthony Gordon
byu/sheikh_n_bake insoccer

Се вчитува...