Втор пораз за македонските одбојкарки на Балканското првенство

Втор настап и втор пораз на македонските одбојкарски пионерки на Бакланското првенство во Врњачка Бања.

По Турција, подобра од нас беше и грчката селекција, исто така во три сета (25:12, 25:13, 25:4). Ова значи дека македонскиот тим за одбојкарки до 17 години ќе игра за конечен пласман од 5. до 8. место.

Утре Македонија ја чека последниот дуел од групната фаза во кој ќе се сретне со Црна Гора.

 

Се вчитува...