Украина е последен полуфиналист на ЕП до 21 година

Фудбалската репрезентација на Украина е последниот патник во полуфиналето на Европското првенство до 21 година кое се игра во Грузија и Романија.

Младите Украинци во последното четвртфинале стигнаа до сензационална победа над големиот фаворит Франција со 1-3.

Французите брзо стигнаа до водство од 0-1 преку Шерки во 19. минута од натпреварот. Украинците преку Судаков во 32. минута од пенал израмнија на 1-1, додека истиот фудбалер зголеми на 1-2 во 44. минута. Конечните 1-3 беа дело на Бондаренко во 86. минута.

Украина во полуфиналето за противник ќе ја има Англија, а вториот пар го сочинуваат Израел и Шпанија.

France U21 1 – [2] Ukraine U21 – Heorhii Sudakov 44'
byu/Ekitike insoccer

Се вчитува...