Леонел Меси ова лето направи неочекуван потег и се пресели во редовите на Интер Мајами за прво искуство надвор од Европа по повеќе од 20 години. А, за што подобро да се чувстува во клубот и истиот да биде поконкурентен веќе се започнати преговори со дел од неговите поранешни соиграчи.
Поранешниот капитен на Барселона, Серхио Бускетс веќе му се приклучи, а неговите стапки се очекува да ги следат и Жорди Алба и Луис Суарез. Шпанецот ова лето замина од Барселона по истекот на договорот па реализација на трансферот како слободен играч не е проблем, додека ситуацијата со уругвајскиот напаѓач е покомплицирана.
Последниот договор Суарез го имаше со Гремио од каде доби дозвола да замине од клубот поради стекнатата повреда и покрај важноста на истиот до 2024 година, но со посебна клаузула која го спречува слободно да се реактивира во друг клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

