Стив Кер го објави списокот на САД за Светското првенство

Селекторот Стив Кер го објави списокот на Соединетите американски држави за престојното Светско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини. Кер нема да може да смета на услугите на најголемите ѕвезди, но и покрај тоа Американците се едни од претендентите за титула.

На списокот се најдоа дванаесет НБА кошаркари кои доаѓаат од десет различни клубови. Меѓу нив се:

Џејлен Брансон (Њујорк), Ентони Едвардс (Минесота), Тајрис Халибертон (Индијана), Остин Ривс (Лос Анџелес Лејкерс), Паоло Банкеро (Орландо), Микал Бриџис (Бруклин), Џош Харт (Њујорк), Брендон Инграм (Њу Орлеанс), Џерен Џексон (Мемфис), Камерон Џонсон (Бруклин), Вокер Кеслер (Јута) и Боби Портис (Милвоки).

На Светското првенство кое ќе биде одржано од 25. август до 10. септември САД во групната фаза ќе се сретне со Грција, Јордан и Нов Зеланд.

Се вчитува...