Новак Ѓоковиќ, најдоминантниот тенисер на Вимблдон во последната деценија денеска го започнува походот по 24. грен-слем титула. Нa српскиот ас кој на Централниот терен не знае за пораз десет години многумина му ја препишуваат фаворитската улога, но не и поранешниот освојувач на турнирот, Михаел Штих.
Германецот кој во 1991 година славеше на Вимблдон вели дека за него фаворит е Карлос Алкараз кој има способност да се прилагодува на противничката игра…
„Новак има визија да ги освои сите четири слемови оваа година, но мојот прв фаворит е Карлос Алкараз кој во Квинс го освои првиот пехар на трева. Тој има неизмерна радост во настапот, учи многу брзо има способност многу брзо да се прилагоди на противничката игра“, вели Штих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

