ОФИЦИЈАЛНО: Тонали промовиран во Њукасл, договор на пет години

Њукасл Јунајтед го потврди она што беше најавувано неколку дена претходно. Нов член на тимот од „Сент Џејмс Парк“ е италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали, кој со премиерлигашот потпиша петгодишен договор.

Заминувањето на Тонали донесе големо разочарување кај фановите на Милан, со оглед дека тој се декларираше како голем навивач на „росонерите“. Меѓутоа понудата од Њукасл беше одлична за играчот од средниот ред да ја одбие. Според најавите, тој ќе заработува повеќе од 200 илјади фунти неделно, или околу 6 милиони фунти годишно.

Од друга страна, пак, премиерлигашот прави силен тим со кој ќе атакува кон титулата во Англија, но и кон успешни настапи во Лигата на шампионите.

„Ова е голема шанса во мојата кариера. Му благодарам на Њукасл за довербата. Ќе дадам се од себе на теренот, и навистина сум возбуден што ќе играм на Сент Џејмс Парк, со нетрпение чекам да се покажам пред верните навивачи“, рече Тонали.

Се вчитува...