Убава приказна од Ањана, малото место крај Неапол, каде најдобриот НБА кошаркар Никола Јокиќ вчера ги следеше коњичките трки во кои учествуваше и неговиот „пулен“.
Италијанецот Микеле, кој само поради Јокиќ дошол во Ањано, вели дека никогаш во животот нема да го заборави овој ден.
„Здраво момци, јас сум Микел. Сакам да ви раскажам за мојата средбата со најдобриот кошаркар на светот. Пред неколку дена, еден мој пријател кој е страстен вљубеник во коњски трки ми кажа дека Никола Јокиќ ќе биде на тркачката патека Ањано во Неапол за да ја следи трката на Емили Пан, најмладиот коњ во неговата ергела. За да не бидам целосно неподготвен во една од ретките продавници во градот што ги продаваат, имаа само еден модел од Денвер, најдов дрес на клубот, од само еден играч, од Кармело Антони. И покрај тоа што знаев дека не можам да го намамам со маица која не е негова, отидов на тркачката патека и штом го видов веднаш му ја покажав барајќи автограм. Одговорот беше веднаш не, како што ми рече поради тоа што е напнат затоа што неговиот коњ наскоро ќе трча и не сакал никој да му го одвлекува вниманието“ – ја почнува Микеле својата приказна и продолжува:
„За да не го изнервирам, си заминав чекајќи да заврши трката. Проблемот дополнително беше што не заврши баш најдобро неговата трка, а кога го видов и тажен и мрачен како се враќа си помислив дека е време да си заминам. Овој пат сум многу далеку од него заедно со уште неколку луѓе со мене, кои снимаа видеа и фотографираа. Се обидувам повторно, сега со довикување ‘Никола, само автограм се колнам!’, но тој покажува со прстот – не, очигледно многу разочаран од трката. Решив да заминам, но еден мој пријател на кој ќе му останам засекогаш должен ми ја предлага најмудрата идеја на денот. Немој да се смеете. Но,… Одиме во супермаркет и купуваме две пива Перони. Се враќаме на тркачката патека, Јокиќ е секогаш во близина на својот коњ. Му викам: ‘Џокер имам подарок за тебе!’, со Перони во рака. Овој пат ми се насмевнува, го крева палецот и со рака ме повикува да влезам. Зборувавме 10 минути пиејќи пиво заедно, ми кажа дека коњот не оставил добар впечаток но ветува затоа што е млади и убеден е дека има уште неколку трки, па ќе се опушти во следните неколку дена. Се колнам, никогаш не сум видел толку ненадејна промена на расположението помеѓу покажувањето на дресот на Денвер и кога се вратив со пивата. Смешно е, знам, но беше неверојатно и сè уште не ми се верува. Ах… на крај се, секако, потпиша на дресот“ – раскажа Микеле.
Ciao ragazzi, mi chiamo Michele voglio raccontarvi del mio incontro con il giocatore più forte del mondo.
Qualche giorno fa un mio amico appassionato di ippica mi ha segnalato che Nikola Jokic sarebbe stato all’ippodromo di Agnano, a Napoli, per seguire una gara di Emily Pan,… pic.twitter.com/agKqwBYw7w
— OverTime Storie a Spicchi (@StorieASpicchi) July 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

