Иван Ракитиќ има понуда од Саудиска Арабија

Можноста за Иван Ракитиќ да замине од редовите на Севилја се зголемува од ден за ден. Поранешниот хрватски репрезентативец кој неодамна се најде на листата на желби на Бешикташ сега има и понуда од Саудиска Арабија.

Шпанските медиуми не откриваат за кој клуб станува збор, но јасно е дека истата носи и богат договор не само за Ракитиќ, туку и за Севилја која се наоѓа во финансиски проблеми.

Ракитиќ стави дознаење дека не намерува да замине од Севилја и сака во Андалузија да ја заврши кариерата, но со оглед на тоа што е најплатен фудбалер во тимот и лошата финансиска ситуација трансфер по стапките на Марсело Брозовиќ нема да биде изненадување.

Се вчитува...