Фатјон Реџа и Чаир 2030 продолжуваат заедно

Минатосезонскиот дебитант во Првата кошаркарска лига, Чаир 2030 го продолжи договорот со еден од најмладите кошаркари во тимот, Фатјон Реџа.

Крилниот играч беше дел и од тимот кој донесе прволигашка кошарка во Чаир, а претходната сезона бележеше просек од 7.6 поени и 3.9 скокови на 26 одиграни средби.

Се вчитува...