Новак Ѓоковиќ без проблеми на отварањето на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без големи проблеми се пласираше во второто коло од Вимблдон откако славеше против Педро Чичин со 3-0.

Првиот сет Србинот го доби со 6-3, идентично заврши и вториот сет, а најголем отпор Аргентинецот пружи во третиот сет кој беше одлучен во тај-брејк за 7-4.

Во следното коло Новак Ѓоковиќ силите ќе си ги одмери со Јордан Томпсон кој славеше со 3-2 во дуелот против Накашима.

Се вчитува...