Кеандре Кук го замени МЗТ Скопје за германски прволигаш

Кеандре Кук нема да биде дел од МЗТ Скопје следната сезона откако денеска доби нов клуб. Станува збор за германскиот прволигаш Крајлсхајм Мерлинс.

Американецот ги засили „сино-белите“ редови за вториот дел од сезоната и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи во походот кон десеттата титула, прикажувајќи бројни атракции на терените.

Дваесетипетгодишникот притоа беше избран за МВП на 18. коло во АБА, а признанието за најкорисен играч го доби и во македонското првенство со одличниот настап во 16. коло.

 

Се вчитува...