Едвардс добива 260 милиони долари од Минесота – дел ќе искористи за помош на младите

Минесота Тимбервулвс ќе ја задржат својата ѕвезда Ентони Едвардс со максимален договор од 260 милиони долари за пет сезони, пренесуваат американските медиуми.

Едвардс кој драфтуван како прв пик на драфтот во 2020 година дел од парите ќе ги искористи и за помош на младите во Минесота со отварање на центар со назив „Don’t Follow the Wave“.

„Сакам да направам се што можам да помогнам на што поголем број на млади луѓе да се најдат на вистинскиот пат“, изјави Едвардс.

Се вчитува...