Драган Николиќ најде нов ангажман, ќе му биде ривал на МЗТ Скопје

Тренерот кој го предводеше МЗТ Скопје во дел од претходната сезона, Драган Николиќ во новата сезона ќе му биде ривал на македонскиот шампион во АБА2 лигата откако денеска официјално беше претставен како нов предводник на црногорскиот клуб Сутјеска.

Како потсетување, Николиќ ги превзема „сино-белите“ по отказот на Александар Петровиќ, го освои Купот на Македонија, но и покрај тоа апсолутено потфрли на клупата на МЗТ Скопје, неуспевајќи да ги задржи аеродромци во АБА, а потоа и бламирајќи се во четвртфиналето од домашниот плеј-оф каде во натпреварот против Кожув влета на теренот и го собори протовничкиот кошаркар Гордон во обид да спречи контра напад за што доби суспензија од кошаркарската федерација и отказ од сега десеткратниот освојувач на Прва лига.

За Николиќ Сутјеска ќе биде 14 клуб во неговата богата кариера која започна во женската кошарка во Охрид, а продолжи низ Младост Земун, Раднички, Ваљево, Карпош Соколи, Игокеа, Борац Бања Лука…

Се вчитува...