Новак Ѓоковиќ триумфално го започна походот кон рекордната осма титула на Вимблдон. Српскиот тенисер во првото коло славеше против Педро Качино со 3-0 во натпревар кој беше прекинат поради дожд.
Прекинот не му одмогна на Србинот, напротив харизматичниот тенисер најде занимација, излезе на теренот со крпа и почна да бриеше што наиде на аплауз од публиката.
Novak Djokovic is out here trying to dry the court with a towel during the rain delay 😅 pic.twitter.com/HDB6IXE2I8
— ESPN (@espn) July 3, 2023
По натпреварот Ѓоковиќ говореше за целата ситуација за која вели дека пробал да ја анимира публиката која била разочарана поради прекинот.
„Разговарав надвор од теренот со супервизорите и судиите, но и тие беа збунети за тоа што го доживеаа. Кровот обично се затвара за 20 милиони, но сега не беше можно. Искочивме на теренот, се обидувавме да и покажеме на публиката дека сакаме да играме, но беше премногу лизгаво. Пробав да ја анимирам малку публиката со пешкирот и се надевам дека ги развеселив и насмеав да ја заборават малку паузата. Сепак на крајот се беше во ред“, вели Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

