На 61-година возраст почина таткото на доскорешниот кошаркар на Партизан, Данте Егзум, Сесил. Поранешниот НБА играч бил хоспитализиран во саботата наутро. За жал, тој почина три дена подоцна на 61-годишна возраст во Лос Анџелес.
Како играч, Сесил Егзум беше избран од Денвер Нагетс како 194. пик на драфтот во 1984 година.
Сепак, најдобрата кошарка во кариерата ја играше во Австралија, каде што помина седум сезони во екипите на Мелбурн Џајантс, Мелбурн Тајгерс и Гилонг Суперкетс.
Неговиот син Данте на мечевите во Белград, како и на гостувањата на црно-белите ја имаше поддршката од татко му крај теренот, а често истакнуваше дека навивачите на Партизан и атмосферата што ја создаваат оставаат голем впечаток на него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА