Вимблдон подготвува церемонија во чест на Роџер Федерер

Организаторите на Вимблдон денеска ќе одржат специјална церемонија на централниот терен на „Ол Ингланд Клубот“ во Лондон во чест на сите достигнувања на Роџер Федерер на најголемиот светски тениски турнир.

Федерер осум пати ја освојуваше титулата на Вимблдон, а минатата година ја заврши кариерата. Церемонијата е закажана за во 14.15 часот, пред почетокот на денешната програма на „Централниот терен“.

Швајцарскиот тенисер беше незапирлив на лондонската трева од 2003 до 2007 година, а потоа стигна до трофејот во 2009, 2012 и 2017 година. Со последниот триумф тој стана нов рекордер по бројот на титули на Вимблдон, претекнувајќи го Пит Сампрас.

Се вчитува...