Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни Рома поради неисполнување на барањата за капитални добивки.
Сепак, Рома успеа да избегне уште поригорозна казна која можеше да се одрази со намалување на бројот на играчи кои се дозволени за лиценцирање за Европа или дури и исклучување од евро-натпреварувањето бидејќи беше доволно блиску до зацртаната цел.
Рома на тој начин не успеа да стигне до 24 милиони евра капитална добивка заклучно со 30. јуни, остана „кратка“ за повеќе од два милиони евра и затоа ќе треба да плати казна во износ од 4,3 милиони.
И покрај паричната казна, Жозе Мурињо летово ќе може да донесе засилувања бидејќи доволно пари се обезбедени со продажба на играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

