Ентони Едвардс потпиша максимален договор

Американскиот кошаркар Ентони Едвардс потпиша максимален петгодишен договор со Минесота Тимбервулвс вреден 260 милиони долари, потврди неговиот агент Бил Дафи.

Новиот договор на Едвардс започнува во сезоната 2024/25. Тој беше еден од најдобрите играчи на Минесота минатата сезона, со просек од 24,6 поени, 5,8 скока, 4,4 асистенции и 1,6 украдени топки по натпревар.

Едвардс беше први пик на драфтот во 2020 година, а следниот месец ќе наполни 22 години.

 

Се вчитува...