Освојувачот на АБА лигата Партизан не доби дозвола од Кошаркарската лига на Србија (КЛС) за следната сезона.
Како што објави српскиот „Спортски Журнал“, комисијата за издавање лиценци на КЛС за сезоната 2023/24 не ги одобрила барањата на Партизан, Слобода Ужице, Слога Краљево, Нови Пазар и Раднички Крагуевац.
Се наведува дека „црно-белит“е не добиле лиценца бидејќи не учествувале во Суперлигата во сезоната зад нас, а не дале докази дека ги подмириле долговите кон Кошаркаската федерација на Србија.
Дозволи добија Борац, Војводина, Динамик, Вршац, Црвена звезда, Здравље, ФМП, Мега, Златибор, Џокер, Металац, Младост, ОКК Београд, Спартак, Тамиш и Чачак 94.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

