Тијаго ги одбива понудите, сака да остане во Ливерпул

Тијаго Алкантара е решен да ја одработи и последната сезона што ја има од договорот со Ливерпул, одбивајќи ги понудите што пристигнаа на негова адреса во последните петнаесетина дена. „Црвените“ прават ремонт во средниот ред, а по доаѓањето на Мекалистер и на Собослаи се најавуваше дека токму Тијаго ќе биде првиот што ќе си замине, со оглед на фактот дека Ливерпул летово ќе мора да го продаде летово за да не се случи тој во 2024 без отштета да си замине од „Енфилд“.

Турскиот гигант Фенербахче испрати интересна понуда, исто како и клуб од Саудиска Арабија, но одговорот на Тијаго бил експресен – дека поранешниот фудбалер на Баерн Минхен нема намера да ги менува клупските бои во текот на летово. Ливерпул не важи за клуб што во вакви ситуации врши притисок врз играчите да си заминат, впрочем летово како слободни фудбалери клубот го напуштија Кеита, Фирмино и Окслејд Чембрлен, па се очекува Клоп да го задржи Алкантара, иако новите трансфери секако ќе се одразат на минутажата што ќе ја има Шпанецот.

Во меѓувреме, Ливерпул преговара и за трето засилување за средниот ред, интензивирајќи ги разговорите за Ромео Лавија од Саутемптон, белгискиот суперталент кој е достапен за 40 милиони фунти по испаѓањето на „светците“ од Премиер-лигата.

Се вчитува...