По рецептот на Гундоган: Барса доведе уште едно гратис-засилување

Жоан Лапорта успева да најде начин да ангажира нови фудбалери во Барселона, обезбедувајќи простор во буџетот за плати откако во последните шест месеци од „Камп Ноу“ си заминаа Пике, Бускетс и Алба.

Каталонците најпрвин го осигураа потписот на Илкај Гундоган од Манчестер Сити, а веќе е договорен и вториот слободен трансфер на Барса во овој преоден рок. Станува збор за 32-годишниот дефанзивец Ињиго Мартинез, кој си заминува од Атлетик Билбао и кариерата ќе ја продолжи во дресот на каталонскиот гигант.

Шпанските медиуми објавија и дел од фотографирањето на Мартинез како најново засилување на Барса, па се очекува само официјалната промоција на овој играч на „Камп Ноу“.

Се вчитува...