Барса плаќа еден милион евра за наследникот на Миротиќ

Барселона се уште го нема раскинато договорот со Никола Миротиќ, а каталонскиот гигант веќе го договори трансферот на засилувањето кое треба да пристигне во клубот на местото на црногорскиот ас кој поседува и шпански пасош.

Станува збор за Жоел Пара, шпанскиот репрезентативец кој со успех ги брани боите на Хувентуд, а летово би требало да го комплетира мегатрансферот во редовите на Барса. Тој веќе ги договори условите за четиригодишна соработка со раководството на Барселона, а каталонците треба да платат еден милион евра за да ја активираат клаузулата и да го откупат неговиот договор со Хувентуд.

Сепак, за официјализација на трансферот ќе се чека најпрвин да биде постигната спогодба со Миротиќ околу раскинот на договорот со најплатениот кошаркар во Европа. Барселона би требала да плати 20 милиони евра бруто до крајот на актуелниот договор со кошаркарската мегаѕвезда, Миротиќ од друга страна инсистира наполовина од оваа сума, па останува да се види дали двете страни ќе постигнат договор за прекин на соработката.

Од останатите информации поврзани со каталонците, центарот Шанли е блиску до преселба во Фенербахче, додека дојде до пресврт на ситуацијата со Кори Хигинс, откако американскиот ветеран се согласи на намалување на платата, па сега би можел да остане во Барселона и во наредната сезона.

Се вчитува...