Италијанскиот фудбалер и член на Саусоло, Давиде Фратези, од следната сезона ќе го носи дресот на Интер. Според информациите, европскиот вицепрвак веќе се согласил да ја плати откупната клаузула која изнесува 25 милиони евра. Покрај тоа, во Сасуоло заминува и младиот играч на Интер, Самуеле Мулатиери кој беше на позајмица во Фросиноне минатата сезона.
Фратези ќе биде замената за Марсело Брозовиќ, кој замина во Ал-Наср. Се очекува во следните денови и официјално да биде потврдено.
Фратези беше баран и од Јувентус, Милан и Наполи, но на крајот ќе заврши во Интер. 23-годишниот Фратези имаше договор со Сасусоло до 2026 година. Во последно време добива шанса и од селекторот Роберто Манчини за настапи во италијанскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА