Амрабат на „радарот“ на Манчестер Јунајтед

Откако стана јасно дека Марсел Забицер нема да остане на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед тргнува по играч од средниот ред на теренот, за да ја пополни неговата празнина.

Еден од оние кои би можеле летово да го облечат дресот на Јунајтед, покрај Мејсон Маунт, е Софијан Амрабат. Мароканецот кој играше одлично на Мундијалот во Катар, има договор со Фиорентина, меѓутоа тимот од Фиренца е расположен да го продаде ако за него стигне добра понуда.

Неговата цена се проценува на 30 милиони евра, што не е проблем за Јунајтед да ја плати за да го донесе во своите редови. Тој ќе треба да му биде замена за Каземиро, во случај Бразилецот да не може да настапува во долгата сезона во која Јунајтед го чекаат и натпревари во ЛШ.

Се вчитува...