Саул од Саудијците бара да биде најскапо платен шпански играч

Откако не се снајде во Челси, Саул Нигез повторно ја доби довербата од Диего Симеоне. Минатата сезона одигра 38 натпревари, а има уште три години договор со Атлетико Мадрид. Меѓутоа се чини дека е на праг да замине, и тоа каде што летово заминаа многу играчи – во Саудиска Арабија.

Се споменуваат Ал-Наср и Ал-Итихад како можна следна дестинација, но прашање е дали некој ќе му ги исполни барањата на Саул кој бара да биде најскапо платен играч од Шпанија. Саул од нив бара да има плата од 20 милиони евра за една сезона.

Доколку желбата му биде исполнета, тогаш тој ќе биде најскапо платениот шпански играч во моментов. Исто така оној кој ќе го ангажира, ќе треба да плати и отштета до Атлетико. Симеоне не би имал ништо против да го продаде ако стигне примамлива понуда.

Се вчитува...