Ако не си замине од клубот и потпише за Трабзонспор, Алиоски покрај себе во Ал-Ахли ќе има звучно име за соиграч. Доскорашниот фудбалер на Ливерпул, Роберто Фирмино потпиша за тимот во кој настапува левокрилниот македонски репрезентативец.
31-годишниот Фирмино потпиша договор до 2026 година како слободен играч. Тука ќе настапува заедно со Едуард Менди, доскорашниот голман на Челси.
Фирмино така ја продолжи низата на ѕвезди кои се селат во Саудиска Арабија. Досега за тамошните клубови потпишаа Роналдо, Бензема, Невеш, Канте, Брозовиќ, а се очекува во следниот период да им се приклучат и други. За Ливерпул Фирмино одигра 362 меча и постигна 111 голови, а запиша и 79 асистенции.
Si Señor 🫡🪄#WelcomeFirmino pic.twitter.com/jZGcJXCUon
— النادي الأهلي السعودي (@ALAHLI_FC) July 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

