Готово: Анчелоти од јуни 2024 година селектор на Бразил

Карло Анчелоти ќе стане првиот странец селектор на Бразил, првпат во 60 години. Италијанецот неколку пати демантираше, но сега е јасно дека после договорот со Реал до крајот на идната сезона, ќе го презеде раководењето на најтрофејната светска селекција кога станува збор за трофеите на Светските првенства.

Бразилската федерација претходно објави дека функцијата на селектор ќе ја извршува тренерот на Флуминензе, Фернандо Диниз, кој се очекува да биде на тоа место се додека Анчелоти не седне на клупата на „кариоките“.

Италијанскиот тренер има договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година и во неколку навради кажа дека сака да го исполни целиот договор. Тој ќе стане четврти странец кој ќе ја води оваа селекција, и прв после 60 години.

Се вчитува...