Официјално: Ињиго Мартинез нов играч на Барселона

Барселона во своите редови доведе уште едно засилување, а без притоа да потроши ниту едно евро. Нов играч на  тимот од „Ноу Камп“ е Ињиго Мартинез, кој доаѓа од Атлетик Билбао.

32-годишниот шпански репрезентативец нема повеќе договор со тимот од Билбао, па во Барса замина без обесштетување. Има клаузула на договорот со Барселона која изнесува 400 милиони евра.

Договорот е потпишан до 2025 година. Претходно тимот се засили со Илкај Гундоган.

Се вчитува...