Интер има намера да го ангажира стоперот на Аталанта, Мерих Демирал. Тој би требало да биде замена за Милан Шкриниар, кој замина во ПСЖ, а во меѓувреме пропадна можноста Цезар Азпиликуета да дојде на „Џузепе Меаца“ и тој ќе се пресели во Атлетико Мадрид.
Интер планира да преговара со Аталанта за Демирал, откако ќе стане јасна ситуацијата со Фратези и Лукаку. Претхдно Интер го ангажираше Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах.
Демирал во минатото беше дел од Јувентус, но откако не успеа да избори место покрај Кјелини и Бонучи, се реши да ја промени средината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА