ФИБА: Од Андреј Митревски се очекува многу на ЕП во Скопје

На неколку дена пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ што ќе се одржи во нашиот главен град, ФИБА аналитичарите направија листа на кошаркари од кои се очекува да покажат доста на шампионатот.

На списокот на играчи од кои с еочекува да блеснат на овој собир во Скопје се осум имиња, а едно од ние е и она на македонскиот репрезентативец и член на Феникс 2010, Андреј Митревски.

Со оглед на тоа што првенството во Скопје ќе биде петто за него во младинска конкуренција, многу се очекува од Митревски како во поглед на македонската репрезентација, така и воопшто, на турнирот.

„Митревски е комбо-бек кој поседува повеќе офанзивни способности и со тоа можност да придонесува за својот тим на повеќе начини. Комотно се снаоѓа во ‘циркулација’ на топката и врши добра работа во однос на ‘читање на играта’, лесно пронаоѓајќи слободни играчи“, се вели во анализата на ФИБА.

Македонија е во „А“ групата заедно со Чешка, Словачка, Бугарија и Ирска. Турнирот се игра од 7. до 16. јули.

Се вчитува...