Џелетовиќ уште една година во Работнички

Премногу е тивко на кошаркарскиот пазар на почетокот од овој преоден рок, откако клубовите се уште тактизираат во формирањето на ростерите за наредната сезона.

Работнички се уште е во потрага по нови кошаркари, но „центарци“ во меѓувреме осигураа значаен потпис, успевајќи да го задржат во своите редови Ѓорѓе Џелетовиќ. Српскиот крилен центар пристигна во Работнички на средина од ланската сезона, заземајќи го местото на Американецот Форте и експресно се вклопи во тактичките замисли на тренерот Мираковски, со што стана еден од лидерите на тимот во завршницата од сезоната.

Тоа беше причина раководството на Работнички да почне преговори за нов договор, што на крајот вродија со плод и беше договорено соработката да продолжи уште на најмалку една година.

Се вчитува...