Јуниорките со убедлив пораз и од Данска

Јуниорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија без триумф го заврши настапот во групната фаза на Европското Првенство – Б дивизија што се одржуваше во Софија, откако нашите млади кошаркарки попладнево претрпеа уште еден убедлив пораз, овојпат од селекцијата на Данска со 40-73.

Мора да се истакне дека „црвено-жолтите“ сосема солидно парираа на противникот, првата четвртина заврши со 13-14, а на одмор се замина со само седум поени негатива (24-31). Македонските кошаркарски надежи не успеаја да го издржат темпото во вториот дел, згора на тоа беа ослабени поради неиграњето на најдобриот стрелец Марија Николов, па на крајот беше претрпен преубедлив пораз од 33 поени разлика.

Милица Николиќ со 14 поени беше најефикасна во македонскиот состав, додека Милованова постигна 11 поени, десет од нив во првото полувреме.

Се вчитува...