Србинката Наталија Стевановиќ приреди огромно изненадување на стартот на Вимблдон, успевајќи да ја елиминира Каролина Плишкова со 2-0 во сетови. Стевановиќ има 28 години, но е далеку од тениската елита, за што доволен доказ е фактот дека Србинката досега немаше одиграно ниту еден дуел на гранслем турнирите. Таа се пласираше на Вимблдон преку квалификациите, за денеска да го оствари најголемиот триумф во кариерата со победата над Плишкова од 2-0 во сетови. Фаворитката во ниту еден момент не успеа да влезе во ритам, Стевановиќ го диктираше темпото и го контролираше резултатот, заслужено славејќи со 6-2, 6-3.
Првата носителка Ига Швијонтек очекувано немаше проблеми ниту во второто коло, славејќи со убедливи 6-2, 6-0 над Сорибес Тормо од Шпанија, па во третото коло ја очекува победничката од дуелот Пари – Мартиќ.
Холгер Руне на машкиот дел од турнирот лесно се справи со Британецот Лофхаген славејќи со 3-0 во сетови, додека Пелја по голема борба го совлада Борна Чориќ со 3-2 во сетови, хрватскиот тенисер се врати од 2-0 до 2-2, но аргентинскиот тенисер беше најдобар кога беше најважно, славеше со 6-1 во решавачкиот сет и се пласираше во второто коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

