Ѓоковиќ: Централниот терен и јас…

Новак Ѓоковиќ ја забележа 350. победа на Грaнд-слем турнирите и 30. во низа на Вимблдон. Вториот светски рекет по 2.28 часа игра го совлада Австралиецот Џордан Томпсон со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 7-5.

Тој по мечот говореше за тоа колку обожава да игра на најсветиот терен во тенисот, Централниот терен во „Ол-ингланд“ клубот.

„Централниот терен на Вимблдон е најспецијалниот терен во историјата на нашиот спорт, без сомнение. Ја знаеме историјата. Знам дека го кажав тоа и звучи клише, но навистина е така. Обидете се да уживате во секој момент на теренот. Тоа е голема привилегија во оваа фаза од мојата кариера, кога се уште се обидувам да се справам со овие млади луѓе, не знам уште колку ќе можам да го правам тоа. Досега беше добро, теренот и јас имаме романтична, посебна врска“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...