Фудбалската репрезентација на Шпанија ќе ја предизвика Англија во финалето на Европското првенство до 21 година кое се одржува во Грузија и Романија.
Во вториот полуфинален натпревар кој вечерва се играше во Букурешт, Шпанците ја совладаа Украина со 5-1.
Украинците први стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Бондаренко во 13. минута. Шпанците по само четири минути преку Руиз израмнија на 1-1, додека до крајот на првиот дел веќе беше и 2-1 со погодокот на Сансет во 24. минута.
На 3-1 зголеми Бланко во 54. минута. Во 68. минута беше 4-1 со голот на Ороз, додека конечните 5-1 беа дело на Гомез во 78. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

