Зошто ПСЖ брза: Мбапе чека 60 милиони евра на крајот од месецов

Раководството на ПСЖ уште еднаш јасно порача дека е подготвено да го продаде Килијан Мбапе летово ако тој наскоро не го промени својот став и реши да потпише нов договор со „светците“. Воедно, претседателот Ал Келаифи потенцираше дека нема намера цело лето да го чека Мбапе, туку има рок од најмногу две седмици за да потпише нов договор, или ќе биде ставен на трансфер-листа.

Добрите познавачи на францускиот фудбал тврдат дека ПСЖ ќе настојува по секоја цена што поскоро да го продаде својот најдобар фудбалер, бидејќи според актуелниот договор на крајот од месец јули ќе треба да му исплати 60 милиони евра на име „бонус на лојалност“. Вкупната сума на бонусот е 80 милиони евра, но три четвртини од овие пари ќе бидат исплатени на крајот од месец јули, доколку Мбапе остане на „Паркот на принцовите“ до овој период.

Јасно е, ПСЖ ќе настојува по секоја цена да исплати вакво богатство на играч кој не се гледа себе си во клубот, но останува да се види како тоа ќе се одрази врз цената на самиот фудбалер. ПСЖ досега инсистираше на отштета од 200 милиони евра што ниту еден клуб не е подготвен да ја плати, но сега кога на „светците“ им се брза да ја комплетираат продажбата ќе бидат принудени да ја спуштат оваа сума, ризикувајќи дека ако не најдат купец ќе им се случи најцрното сценарио, сезонава ќе му платат на Мбапе 150 милиони евра нето (80 милиони бонус на лојалност и 70 милиони евра годишна плата), а потоа тој следното лето ќе си замине како слободен играч од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...