Бекам не запира – го носи и Еден Азар кај Меси во Интер Мајами

Дејвид Бекам е решен да направи дрим-тим од ветерани од европскиот фудбал, а откако го комплетираше мегатрансферот на Лео Меси од ПСЖ, тој има многу полесна позиција во преговорите за остварување на останатите желби на пазароет.

Бекам успешно ги финализираше преговорите и со Серхио Бускетс, а сега сака да го доведе во својот тим и Еден Азар, најголемото промашување во историјата на Реал Мадрид. Белгиецот летово потпиша раскин на договорот со „кралевите“ иако имаше уште една година од актуелниот договор, па може без никаква отштета да го избере следниот клуб во кариерата.

Азар размислуваше и за пензионирање, но откако доби неколку интересни понуди сега многу поизвесно е дека екс-фудбалерот на Челси ќе се реши за нов предизвик во кариерата. Тој има понуда од татковината, како и далеку посиплатлива опција ако се согласи на преселба во Саудиска Арабија. Бекам сепак му нуди поинаква варијанта, да живее во Мајами и да ужива во статусот на фудбалска суперѕвезда во МЛС-лигата.

Се вчитува...