Габриел Батистута на суд за нехуман третман на своите вработени

Габриел Батистута веќе подолго време е фудбалски пензионер, но легендарниот голгетер се соочува со нови проблеми со бизнисите што ги има во Аргентина. Тој во 2022 година беше казнет со четири милиони пезоси за неплаќање данок, а потоа и му беше блокирана сметката на компанијата поради одбивањето да плати 71 милион аргентински пезоси кон државата.

Тој проблем по неколку месеци конечно беше надминат, но сега популарниот Бати-гол се соочува со нови законски проблеми, откако ќе мора да се појави на суд под обвинение за необезбедување нормални услови за работа на своите вработени.

Тужбата ја поднесе Хозе Војтенко, Генералниот секретар на аргентинскиот синдикат за рурални работници, врз основа на доказите за нехуманите услови под кои работат лицата кои се вработени на фармите што се сопственост на Батистута.

„За жал, кога станува збор за земјиштето и фармите на Габриел Батистута, тука се забележани бројни пропусти. Не само што платата е далеку под минималната, туку станува збор за необезедени основни услови за работа за вработените. Тие немаат тоалет на работното место, ниту пак каде да се напијат вода. Немаше ни пристап до фармите, како да се намерно изолирани, а кога успеавме да се приближиме бевме шокирани од она што го видовме. Мора да се напомене дека се слични условите во речиси сите фарми во регионот, но овојпат разочарувањето е поголемо бидејќи сопственик е прославен фудбалер како Батистута, човек кој видел се во животот“, изјави Војтенко.

Се вчитува...