Владата на Рио антирасистичкиот закон го нарече по Винициус

Владата на Рио де Жанеиро одлучи да го именува својот закон против расизам по напаѓачот на Реал Мадрид, Винициус Јуниор.

Според законот „Вини Јуниор“, кој Владата го усвои минатиот месец, спортските настани ќе бидат прекинати во случај на расистички испади.

Младиот бразилски фудбалер во текот на минатата сезона многупати беше мета на расистички навреди.

„Денеска е многу посебен ден и се надевам дека моето семејство е гордо“, изјави Винисиус на церемонијата одржана на „Маракана“.

 

Се вчитува...