ОФИЦИЈАЛНО: Големиот турски талент е нов член на Реал Мадрид

Големиот турски фудбалски талент Арда Ѓулер е нов фудбалер на шпанскиот великан и клуб со најмногу титули во Лигата на шампионите, Реал Мадрид.

„Кралевите“ за трансферот на Ѓулер се очекува да платат околу 20 милиони евра плус бонуси за трансферот. Ѓулер ќе потпише шестгодишен договор со најтрофејниот европски клуб.

18-годишниот Ѓулер на „Сантијаго Бернабеу“ доаѓа од редовите на Фенербахче.

Се вчитува...